ФОТО:Хрватите го кренаа гласот поради политичкото мешање во образованието
Околу 25.000 Хрвати протестираа во Загреб против политичката интервенција на владата во образовните реформи.
Со мотото „Хрватска може подобро!“ луѓето се собраа откако експертската група, која ја организира реформата. Тие тврдат дека новата централнодесничарска влада се меша премногу во планирањето.
Специјалистите беа поставени пред 16 месеци од претходната централно-левичарска влада. Тие сакаа да ги модернизираат училиштата така што учениците ќе имаат вештини, поблиску до потребите на пазарот на труд. Локални бизнисмени долго време се жалат дека дипломците не се подготвени за пазарот на трудот.
Невработеноста во државата е речиси 16%, а земјата штотуку започна да излегува од рецесијата која траеше 6 години.
Протестот е уште еден удар врз и онака кревката влада, која може да падне само 5 месеци откако дојде на власт. Спорот е внатре во коалицијата поради наводен судир на интереси, кои се однесуваат на вицепремиерот Томислав Карамарко.
Гласање на недоверба против Карамарко – лидер на најголемиот коалиционен партнер, конзервативната Хрватска демократска партија (ХДЗ), треба да се одржи до 18 месецов.
Помали протести на невладините организации и наставниците имаше во други 12 градови во земјата.
Се протестираше во Сплит, Ријека, Осијек, Задар, Пула, Славонски брод и други места.


