Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ХРВАТ ЖИВЕЕ НА КРАЈНИОТ СЕВЕР: Oвде е многу скапо, но јас сум среќен

(ФОТО) ХРВАТ ЖИВЕЕ НА КРАЈНИОТ СЕВЕР: Oвде е многу скапо, но јас сум среќен

Романо Јуриќ од Хрватска сакал нови предизвици и се преселил во Норвешка, иако во родната земја работел и по четири работи одеднаш. 

Јуриќ воспоставил контакт со сопственик на хотел, по што тој му платил авионски билет и заминал во Осло. 

Во земјата е веќе три години. Сега момчето е еден од 2000 жители на градот Лонгјербијен кој е најсеверна точка на земјата. 

Поларните ноќи почнуваат од средината на ноември и траат до февруари, а температурата се спушта и до -40 степени. 

„Како некој од море кој е роден во медитеранска клима, не е лесно на почетокот, но човек се навикнува“ - вели Хрватот. 

Додава дека сите кои одат надвор од градот мора да носат пушки или сигнален пиштол за да се заштитат од големиот број поларни мечки. 

Иако четири месеци е многу студено, момчето вели дека градот е жив и постојано има луѓе. 

„Работам како келнер и бармен во еден хотел. Многу сум задоволен со условите, иако некои работи се многу, многу скапи. Некои работи се двојно поскапи од Осло или друг дел од Норвешка, а намирниците може да доцнат заради немирното море“ - вели Јуриќ. 

Хрватот вели дека засега останува во ова место кое за него е леден рај, а во Хрватска планира да се врати кога ќе остари. 

Слично

Поврзани вести