Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Хан побара расчистување на Избирачкиот список и медиумски реформи

(ФОТО) Хан побара расчистување на Избирачкиот список и медиумски реформи

Владејачките партии и Државната изборна комисија треба да преземат брзи дејства за расчистување на Избирачките списоци и медиумските реформи, за да се обезбеди спроведување на фер и демократски избори во земјава.

На ова ги повика лидерите на партиите комесарот за проширување, Јоханес Хан преку социјалната мрежа Твитер.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/JHahnEU/status/690146067145474050[/embed]

Тој ќе го посети повторно Скопје на 2 февруари, за да направи преглед на постигнатиот политички напредок пред одржувањето на предвремените парламентарни избори во април 2016 година.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/JHahnEU/status/690145140485308416[/embed]

"Конструктивна соработка меѓу сите политички партии е единствениот пат за спроведување на фер и демократски избори", категоричен е Хан.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/JHahnEU/status/690144516511289346[/embed]

Доцна во понеделникот, премиерот Никола Груевски поднесе оставка, со што го отвори патот за спроведување на вонредни избори во земјата. Тие беа договорени од четирите главни политички сили - ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и двете албански партии.

Главната опозициска сила Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) изјави дека фер избори во земјата не можат да се одржат, додека не бидат расчистени избирачките списоци и нема слободни медиуми.

Слично

Поврзани вести