(ФОТО) ГУЖВИ НА БОГОРОДИЦА: Се чека по час и половина за влез во Грција
На граничниот премин Богородица со соседна Грција има колони возила кои чекаат за влез во земјата.
Граѓаните кои се упатиле кон соседна Грција велат дека се чека по час и половина. Метежот на граничниот премин најверојатно е поради почетокот на летните одмори.
На другите гранични премини во земјата протокот на патници и возила се одвива нормално.
Можно е и во попладневните часови да има метеж затоа што граѓаните се враќаат од викенд во Грција.
ФОТО ФАКТОР


Слично
