Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Група граѓани на Фејсбук повикуваат на протест за оставка на Тодоров

(ФОТО) Група граѓани на Фејсбук повикуваат на протест за оставка на Тодоров
На социјалната мрежа Фејсбук група граѓани повикуваат на протест наредниот вторник на 24 февруари во 12 часот револтирани од смртта на малата Тамара Димовска од Велес, девојчето кое почина и не го дочека решението за лекување во странство. Вест е објавена на страната „Оставка за Никола Тодоров“, која досега има повеќе од 17.000 следбеници. ostavka todorov
Маршрутата по која ќе се одвива протестниот марш ќе започне од  пред Фондот за здравство а ќе заврши пред Министерството за здравство каде сите присутни ќе повикаат на одговорност за смртта на 9-годишното девојче, ќе побараат оставка и ќе му дадат црвен картон на првиот човек во здравството. ostavka todorov1
Слично

Поврзани вести