Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ГРУЕВСКИ, ЗАЕВ, АХМЕТИ И ТАЧИ ставија потпис на датумот за избори

(ФОТО) ГРУЕВСКИ, ЗАЕВ, АХМЕТИ И ТАЧИ ставија потпис на датумот за избори
Како што соопштивме пред малку лидерите на четирите партии потписнички на договорот од Пржино се договорија изборите да се одржат на 11 декември. Лидерската четворка стави потпис на договорот за одржување изборите. IZBORI11 Владата која ќе ги организира изборите треба да биде избрана на 2 септември согласно договорот од 20 јули годинава. Преодната влада ќе биде во ист формат како и претходно, односно опозицијата ќе назначи министри во МВР и во труд и социјална политика, како и заменик-министри во финансии, земјоделство и информатичко општество и администрација. Претходно е договорено нов уредник на Информативната програма на МТВ на 100 дена пред избори да биде Санта Аргирова, а Љуљзим Хазири-петтиот член на ад-хок телото.  
Слично

Поврзани вести