(ФОТО) Груевски со семејството во Бигорскиот манастир
До каде е обновата и доизградбата на манастирот Св.Јован Бигорски и какво е монашкото секојдневие се запознале премиерот Никола Груевски и неговото семејство за време на посетата на манастирскиот комплекс.
„Господин Никола Груевски и неговата сопруга, г-ѓа Боркица, со двете ќеркички Анастасија и Софија, беа најтопло и најгостољубиво пречекани од нашиот старец, архимандритот Партениј, и целото Бигорско братство“, информираат од манастирот за приватната посета на премиерот.
„Во текот на оваа благодатна средба, преовладуваше општиот впечаток за обострано задоволство од досегашната соработка како во поглед на обновата на манастирот, така и во духовните сфери, што многу придонесе Бигорски да прерасне во вистинско жариште за духовен напредок на македонскиот народ, како и во значаен благотворен чинител на добрите меѓуетнички и меѓуверски односи во овој крај на нашата Република“, се додава во соопштението.
Слично
