(ФОТО) Грција: Хотели со 5-ѕвезди , уште во изградба, а продаваат пакети и пречекуваат туристи
Британски туристи останале разочарани и лути откако дознале дека нивниот хотел со 5-ѕвезди каде што требале да престојуваат во Грција, се уште се гради, пишува „Дејли мејл“.
Британците платиле за резервациите во хотел „Blue Lagoon Princess“ на Халкидики, но кога пристигнале, виделе само едно градилиште.
19-годишната Џес Уудхаус платила 1600 фунти за одмор кој и го подарила на мајка му на Џули за 50-тиот нејзин роденден.
„Ни беше кажано дека хотелот ќе биде завршен на 1 мај и услугата ќе биде на врвно ниво. Но кога стигнавме уште се работеше на него, а пред влезот имаше некакво ѓубре“, вели Џес.
„Насекаде висат жици, и насекаде се се уште се работеше. Чекавме 6 часа додека не пренасочија кон друг хотел. Некои луѓе си најдоа хотели со 2-ѕвезди“, додава таа.






