Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Грчките пензионери на протест - полицијата ги растерува со солзавец

ФОТО: Грчките пензионери на протест - полицијата ги растерува со солзавец

Грчките специјалци со солзавец денеска спречија група пензионери да се доближат до премиерската палата во Атина. 

Револтираните пензионери наидоа на полициска блокада и со раце сакаа да го отстранат поставениот полициски автобус. Во грчките медиуми имаше многу реакции поради начинот на кој полицијата се обиде да ги запре пензионерите и фрли солзавец кон нив. 

Тие бараат грчкиот премиер Алексис Ципрас  да ги прими нивните претставници и да ги слушне нивните ставови. Намалувањата на пензиите и континуираните кратења се причина стотици пензионери да излезат на протест во Атина, кој започна мирно, но наиде на полициска блокада и солзавец. 

Пензионерите извикуваа слогани против Владата и ги повикаа сите Грци да им се придружат и да им дадат поддршка. 

Грчката Влада оваа година ги намали пензиите во рамки на преземените обврски кон меѓународните кредитори, за да биде одобрен третиот спасувачки пакет финансиска помош. 

Слично

Поврзани вести