Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Гратис бубашваби во храната во студентскиот „Гоце Делчев“

ФОТО: Гратис бубашваби во храната во студентскиот „Гоце Делчев“

Студентскиот Пленум објави фотографија од мензата во студентскиот дом „Гоце Делчев” во Скопје.

„Студентите плаќаат 2.000 денари за бонови и добиваат гратис бубашваби во храната“, велат од Пленумот, за фотографијата што е направена од вчерашниот ручек во домот.

12190849_1690701564493459_276618324232992659_n

Од Државниот студентски дом пак, остро реагираа и ја демантираа оваа информација,

- Во интерес на вистината би сакале да информираме дека Државниот студентски дом – Скопје, согласно правните прописи редовно врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација на просториите во рамки на сите студентски домови над кои ја има надлежноста- се вели во реакцијата на Државниот студентски дом.

Слично

Поврзани вести