Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО:Граѓаните и вечерва протестираат и бараат правда

ФОТО:Граѓаните и вечерва протестираат и бараат правда

Граѓаните се собираат пред СЈО и ќе протестираат се додека не се исполнат нивните барања.

Ќе се движат кон Собранието, а оттука до Владата. Бараат одложување на изборите и повлекување на аболицијата на претседателот, Ѓорѓе Иванов.

„Протестирам‬ за Македонија во која ќе шетаме слободно, Македонија во која институциите ни служат нам и го штитат јавниот интерес, Македонија во која никој не е стигматизиран и тепан, Македонија на еднакви, моќни и бестрашни граѓанки и граѓани!“, се вели во објавата на здружението. Сѐ до исполнување на осумте барања, наша единствена арена се улиците и плоштадите, нашата борба здружена, нашиот глас продорен и јасен!“ -велат организаторите.

Вечерва протести ќе има во Охрид, Кочани, Битола, Прилеп, Неготино и други градови.

1

3

Слично

Поврзани вести