(ФОТО) Гостиварец на светскиот фудбалски трон!
Гостиварецот Шкодран Мустафи со репрезентацијата на Германија вчера стана светски фудбалски првак, победувајќи на Светското фудбалско првенство во Бразил. По натпреварот, тој на својата Фејсбук страница објави „селфи“ фотографија со германската канцеларка Ангела Меркел и освоениот пехар.
Мустафи, не играше во финалето на Мундијалот заради повреда, но на почетокот на првенството беше стандарден првотимец за германската репрезентација.
Тој е роден во Германија, но неговото семејство по потекло е од гостиварско, па вчерашната победа на Германија против Аргентина во финалето на Светското првенство во Бразил беше прославена и во Гостивар.

Слично