Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ од времето на Исус Христос најдено близу познат грчки остров

(ФОТО) ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ од времето на Исус Христос најдено близу познат грчки остров

Остатоци од римски брод од времето на Исус Хритос се пронајдени недалеку од грчкиот остров Кефалонија со околу 6000 добро зачувани садови кои служеле за транспорт на вино и храна.

Бродот од 33 метри би можел да донесе нов увид во некогашните поморски трговски патишта на Старите Римјани, пренесеоа грчките и светските медиуми.


Како што се наведува, остатоците се пронајдени со помош на сонарна опрема во близина на Фискардо, пристаниште на северот од Кефалонија а се смета дека датира помеѓу првиот век пред новата ера и првиот век од новата ера.

Товарот кој го пренесувал бродот може да се види на морското дно и тоа во прилично добра состојба.

Се работи за илјадници амфори кои векови поминале полузакопани во песок.


Овие остатоци се едни од најголемите пронајдени во Средоземното море, но и најголеми на истокот од Медитеранот.

-Делумно е под песок, но се надеваме дека во иднина ќе можеме да ископаме цел древен труп-рекол Џорџ Ферентионос од Универзитетот во Патра.


Фото: anatropinews.gr

Слично

Поврзани вести