(ФОТО) ГОЛЕМО АПСЕЊЕ ВО ТУРЦИЈА: Еве колкумина џихадисти се приведен!
Турската полиција утрово привела во текот на рација 30 лица за кои се сомнева дека се припадници на Исламска држава, објавија локални медиуми.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/metesohtaoglu/status/658569901725085696?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Полицијата покренача истовремени рации во куќите за кои се сомнева дека се келии на ИСИС во градот Конија, во централна Анадолија, објави новинската агенција Доган, наведувајќи дека опрацијата е уште во тек.
Вчера во градот Дијарбакир на југоистокот од земјата дошло до судие меѓу џихадисти и турската полиција, во кој загинале двајца полицајци и седум наводни припадници на ИС.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/simdihabervar/status/658907178724687872?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Турските власти, спремајќи се за избори во неделата , покренаа потрага за исламски екстремисти, кои ги обвинуваат за двојниот бомбашки напад во кој овој месец во Анкара загинале 102 лица.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, вчера ветил дека ќе продолжи со полициските операции „против сите терористи“, вклучувајќи ја и Исламска држава и забранетата Курдистанска работничка партија.

