(ФОТО) Гевгелиската болница ја тресе нов скандал-Доктори се сликале додека имале интервенција!
Дисциплинска постапка ќе добијат лекарите кои се сликале за време на интервенција а фотографијата ја ставиле на социјалната мрежа Фејсбук, пренесе НоваТВ.
Ова го соопштил директорот на Гевгелиската болница кој реши да ги санкционира докторите.
Имено, доктори од Гевегелиската општа болница се сликале со отворен стомак на пациент и фотограијата ја ставиле на Фејсбук.
Ова е најновиот скандал во гевгелиската општа болница, што претпладнево го објави порталот Нова Тв.
Согласно Законот за здравствена заштита(член 186,став 1,точка1),станува збор за дсциплински претстап за кој се поведува соодветна дисциплинска постапка.
За целиот случај ке биде изготвен и соодветен извештај кој уште денеска ке биде доставен до Клниката за ТОАРИЛУЦ,каде е вработена една од докторките од случајот.
Воедно,Општа болница Гевгелија се оградува од индивидуалните постапки на поединците кои го нарушуваат угледот на здравствената установа.
Слично

