Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО ГЕРИЛА АКЦИЈА:Бетонирани изборите за 5 јуни пред Собранието

ФОТО ГЕРИЛА АКЦИЈА:Бетонирани изборите за 5 јуни пред Собранието

Дел од активистите од „Шарената револуција“ денеска спроти Собранието направија смеса за бетон.

Тие потоа ставија гласачка кутија, а единствениот гласач го пречкрта „гласачкото ливче“ и го стави во гласачката кутија.

13332823_1028880693865957_3503815148975018757_n

Со оваа герила акција тие алудираат на изјавите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, дека не отстапува од овој датум, дека тој е „бетониран“.

„Шарената револуција“ за утре повикаа на масовен протест што ќе започне од 18 часот пред СЈО.

“Да бидеме точни, да бидеме повеќебројни и да бидеме гласни! На сите да им кажеме јасно и гласно што бараме! Нашето трпение помина! Нема повеќе изговори и бегање од граѓаните што речиси два месеца храбро и истрајно протестираат против овој режим. Во понеделник соопштуваме бескомпромисен план за излез од кризата, со цврсти рокови од кои нема отстапувања. Ја повлекуваме црвената линија! Од понеделник одбројуваме! Кризата траеше доволно долго! Во понеделник, граѓаните и граѓанките ќе кажат како ќе ја надминеме! Нема веќе да нѐ гледаат сам од шест, туку ќе нѐ гледаат секој ден – сѐ посилни!“ - пишуваат во повикот за утрешниот протест.

Тие додаваат дека со овој масовен протест ќе го најават крајот на криминалното владеење во Македонија.

13342923_1028880700532623_8664814282613352751_n

Слично

Поврзани вести