(ФОТО) Гаспром објави каде се ќе минува Турскиот поток
Рускиот Гаспром ја објави мапата на гасоводот „турски поток“ низ кој ќе се транспортира рускиот гас.
Почетокот на гасоводот е на рускиот брег во близина на Анапе и поминува под Црното море, се наведува во соопштението.
Точката на влез на копно ќе биде во близина на селото Кајакој.
Точката на испораката на турските потрошувачи ќе биде во областа Лулебургаз, а излезната точка на турско-грчката граница ќе биде околу Ипсала.
Русија и Турција синоќа објавија дека ја потврдиле трасата на гасоводот „Турски поток“ на територијата на таа земја, која исто така ги зголемила барањата за испорака на гас од тој нафтовод.
Турција всушност бара капацитетот да биде зголемен од 14 до 16 милијарди кубни метри годишно.
Тоа е идентично со сегашниот капацитет на морскиот гасовод Плав поток, кој обезбедува испорака на гас во Турција, пренесува Интерфакс.

