Економија, финансии, бизнис

Контакт

(Фото) Фантастична замисла „Белград на вода“!

(Фото) Фантастична замисла „Белград на вода“!
Во Дубаи беше претставен мастер планот за изградба на проектот “Белград на вода“. Пред тоа се претставени и  идејните решенија за Кулата Белград и трговскиот центар.

Фирмата Eagle hills која ќе го гради Белград на вода распиша конкурс за архитектонско решение за двата објекти-Кула Белград и трговски центар. На овој конкурс учествувале најпознати светски фирми, меѓу кои и американското студио “СОМ“ кој е автор на највисоката зграда на светот Бурж Калиф во Дубаи.

Вкупната површина на “Белград на вода“, вклучувајки и стамбен и делевен простор ќе изнесува 1.850.000 метри. Должината на булеварот ќе биде 1,8 км, а ширината 40 метри. Ќе се гради во три големи фази, а првата ќе биде во пет етапи.

Според изјавите на потпретседателот на српската Влада Александар Вучиќ во изградбата на “Белград на вода“ ќе бидат вклучени и фирми и архитекти од Белград, а околу 20.000 луѓе ќе бидат вработени. “Белград ќе стане регионален центар. Ќе бидеме земја која привлекува најмногу туристи и инвеститори во целиот регион, вели Вучиќ.

Се очекува Кулата Беград да биде изградена до 2017-та година. Вучиќ смета дека политичката и економската стабилност во земјата се неопходни за привлекување на странски инвестиции, и дека Србија е земја во која тие услови се исполнети.

Светската премиера на проектот  “Белград на вода“ ќе се случи на 11-ти март во Кан, на најголемиот светски саем за недвижности. К.К.    
Слично

Поврзани вести