(ФОТО) Еве како изгледаше местото на експлозијата во центарот на Белград
Експлодирала плинска боца во Белград, при што повредени се шест лица, од кои едно е во тешка состојба и е пренесено на реанимација.
„Штетата е голема, но најважни се човековите животи. Локалот и еден стан се уништени. Чекаме да заврши увидот за екипите на градска чистота да ги исчистат улиците. Ова е предупредување за сите кои користат плински боци да ги носат на сервисирање кај експерти", рекол заменик градоначалникот Горан Весиќ.
Како што пренесува српски "Kurir", експлодирала плинска боца во локал за брза храна, а повредени се два работнички во локалот и лице кое сакало да помогне.


Слично
