Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Еве како изгледа автопат по невремето во Словенија

(ФОТО) Еве како изгледа автопат по невремето во Словенија

Словенија ја зафати силно невреме поради што патиштата се под вода. 

„Автопатот кај Штаерска е затворен меѓу Жалец и Шентруперт кон Љубљана и од Врански до Жалец кон Целје. Поплавени се и обиколниците. Не патувајте, освен ако е апсолутно неопходно“, велат од службата за патишта во државата.

Веќе има неколку настрадани во поплавите во Словенија. И во јужна Австрија има поплави. Невреме утре според најавите ќе ја зафати и Македонија. Се очекува да наврнат над 25 литри дожд на метар квадратен површина. 

Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) ги повика Македонците кои се во Словенија да ги напуштат загрозените подрачја.


Слично

Поврзани вести