Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Ердоган се закани дека организаторите на обидот за државен удар ќе одговараат за предавство

ФОТО: Ердоган се закани дека организаторите на обидот за државен удар ќе одговараат за предавство

Претседателот на Турција,  Реџеп Таип Ердоган е вратен во Истанбул при што изјави дека Владата ја ставила ситуацијата под контрола, откако војска се обиде да изврши државен удар.

3

Ердоган се закани дека организаторите на обидот за државен удар ќе одговараат за предавство.

2

Во нередите синоќа над 336 лица се уапсени, а 60 се убиени, откако војската се обиде да изврши државен удар. На улиците имаше пукотници во текот на ноќта, пренесуваат дел од медиумите.

1

„Тие се обидоа со оружје да ги свртат луѓе против луѓе. Јас како претседател има 52% поддршка од народот. Оваа Влада владее благодарение на огромната поддршка на народот. Тие нема да успеат во својата намера, се додека стоиме и ќе стоиме против нив ако треба ќе ризикуваме се“ - изјави  Ердоан, утрово слетувајќи на аеродром.

Ердоган кажа дека оние „кои го планирале обидот за државен удар ќе ја платат највисоката цена и ќе одговорат за тоа предавство“, пренесе NewEurope.

Владата смета дека обидот за пуч е предизвикан од следбениците на духовникот Фетхулах Ѓулен, кој живее во САД.

Ердоган го осуди Ѓулен, кој е обвинет за водење на терористичка организација и за обид да ја сруши демократски избраната Влада. 

Турското Министерство за надворешни работи издаде соопштение дека обидот за државен удар во земјата „бил срушен од единството и солидарноста на турскиот народ“, пишува агенцијата Анадолија.

Слично

Поврзани вести