(ФОТО) Ердоган го претстави првиот турски автомобил
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го претстави SUV моделот на првиот турски автомобил на електричен автомобил што ќе се произведува целосно во Турција и треба масовно да се продава за три години..
Турскиот претседател седеше на возачкото седиште за време на на презентација на возилото што се одржа во Коџаели. Ердоган беше придружуван од турскиот министер за технологија и индустрија и од извршен директор на турскиот конзорциум за автомобилска иницијатива во Турција (ТОГГ), основана од пет индустриски групи, кои всушност треба да ја произведуваат марката.
Предвидено е да се произведуваат до 175.000 електрични возила годишно, план што се очекува да чини 22 милијарди турски лири за 13 години. Планот за производство на исклучиво домашен автомобил е одамна цел на Ердоган и на владејачката партија.

Во говорот што го даде за време на церемонијата на презентација, турскиот претседател истакна дека Турција има за цел не само да го продава автомобилот на домашниот пазар, туку сака и да стане меѓународен бренд, почнувајќи од Европа.
„Денес е историски ден за нашата земја. Заедно, гледаме дека се оствари 60-годишниот сон на Турција “, рече тој, осврнувајќи се на изминатите неуспешни планови за изградба на автомобил целосно во Турција.

„Кога ќе го видиме овој автомобил на улиците низ целиот свет, ќе ја оствариме нашата цел“.
По неговиот говор, на местото на настанот се појави црвен теренец и сив седан, со ознаката ТОГГ на конзорциумот што ќе ги произведува.
