ФОТО: „1.1 милијарди причини за крај” – порачува „Шарената револуција“
„Шарената револуција“ вечерва од пред СЈО го почна својот нов протест против задолжувањето на државата.
„1.1 милијарди причини за крај" е мотото на овој протест. Граѓаните носат транспаренти со кои покажуваат колку се огорчени од задолжувањето.
Демонстрантите се против одлуката на Владата да се задолжи со издавање на еврообврзница вредна 650 милиони евра.
„Бараме оставка од актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање преодна влада која нема безобразно да не` задолжува, туку ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори!“ - велат од „Шарена револуција“.
И претходно „Шарена револуција“ оранизираше протест против задолжувањето, но овој пат мотив е новото задолжување за кое сметаат дека е погубно за државата и граѓаните.



