(ФОТО) Ечи во Универзална, пред неа со внимание се следи „осмата бомба“ на Заев!
Фотографиите кои ви ги претставуваме во моментов ја опишуваат состојбата пред и во Универзалната сала каде се одвива Трибината на опозицијата на која се објавуваат нови аудио разговори од изборниот циклус на последните избори.
Платото пред Универзална е полно со луѓе. Надвор се поставени и два видео бима преку кои оние кои немаа шанса да влезат ја следат денешната прес-конференција на партискиот лидер Зоран Заев.
[button color="orange" size="big" link="http://faktor.mk/2015/03/10/video-vo-zhivo-tribina-sdsm-se-ochekuva-da-zapochne/" target="blank" ](ВИДЕО ВО ЖИВО) Трибина СДСМ – Започна![/button]
На улиците во центарот на Скопје е раздвижено и се забележува засилено полициско присуство.
Во овој момент на трибината насловена „Вистината за Македонија: Изборен грабеж“ се обраќа претседателот на СДСМ Зоран Заев.




