Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Џафери од ФИРОМ се сретна со Аврамопулос од Грција

(ФОТО) Џафери од ФИРОМ се сретна со Аврамопулос од Грција
Средба која покажува дека нашите институции имаат капацитет да ги надминеме сите проблеми на патот на комуникацијата - вака македонскиот министер за одбрана Талат Џафери ја оцени денешната средба со неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос во Атина. Двајцата министри потпишаа Протокол за соработка меѓу министерствата за одбрана за 2014 година и заклучиле дека проблемот околу името не е пречка за да ги продлабочат и да ги прошират сите елементи на соработка во одбраната. Посетата на Џафери во Атина официјално беше најавена како „посета на министерот за одбрана на ФИРОМ“, а тоа беше истакнато и на сите паноа во салата каде што се одржуваше состанокот на делегациите од двете министерства. „Јас сум убеден дека основата за разговори за изнаоѓање решение за проблемот кој што стои меѓу нас околу името на државата е тема која што во иднина би требало да се интензивира меѓу соодветните институции. Се надеваме на скоро изнаоѓање соодветно решение кое што, конкретно, нам ќе ни отвори пат кон полноправно членство во евроатлантските институции и рамо до рамо, како полноправна членка со сите земји, да можеме и понатаму да ги продлабочиме и зајакнеме нашите односи“, нагласи македонскиот министер за одбрана. Ова е трета средба на двајцата министри откако го презедоа ресорот одбрана.Последната средба Џафери и Аврамопулос ја имаа во октомври минатата година во Брисел, на маргините на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО за мисијата ИСАФ во Авганистан. Претходно, имаа тет-а-тет средба и во Лариса, каде што присуствуваа на свечената церемонија по повод примопредавањето на должноста командант на мултинационалната бригада на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ. За двете претходни средби Џафери и Аврамопулос информираа со соопштенија во кои нема многу детали за текот на политичките разговори околу клучното прашање – спорот околу името. Сега за првпат имаа и заедничка пресконференција. Фото: МИА  
Слично

Поврзани вести