Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Двоглав орел поставен во Скопје за годишнината од конфликтот во 2001

(ФОТО) Двоглав орел поставен во Скопје за годишнината од конфликтот во 2001

Во чест на одбележувањето на 15 годишнината од почетокот на воениот конфликт во Танушевци во 2001-та година, денеска со свечена церемонија, беше откриен споменикот двоглав орел, кој пред неколку денови никна на кружниот тек во скопската населба Топанско Поле.

На настанот присуствуваа поголем број граѓани, кои со аплаузи и овации го поздравија поставувањето на споменикот.

timthumb (1)На церемонијата присуствуваше и  лидерот на ДУИ Али Ахмети кој рече дека „нема подобар начин да се одбележи овој ден”.

„Албанците се горди дека во најстариот дел во скопје го имаат Скендербег, Хасан Приштина, Иса Болетини, универзитетот Мајка Тереза и овој споменик на двоглав орел на кој стои симболот на УЧК"изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ

Од друга страна, Град Скопје реагираа дека споменикот е непрописно поставен и упатија барање до Државниот градежен инспекторат да го отстрани од локацијата.

Од Чаир тврдат дека црниот двоглав орел е поставен со одлука на Советот уште во 2012 година и во соработка со Здружение на борци ветерани на ОНА, финансиран од општинскиот буџет, а сето е направено на регуларен и институционален начин.

 
Слично

Поврзани вести