Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Два силни земјотреси го „здрмаа“ Сплит

ФОТО: Два силни земјотреси го „здрмаа“ Сплит

Два силни земјотреси денеска околу 14 часот се почувствувани во хрватскиот град Сплит. 

Тие биле  од 5 и од 5,1 степени според Рихтеровата скала. 

Хрватски и босански медиуми јавија дека епицентарот бил во Јадранско Море на 8 км од Трогир. 

Епицентарот бил на отворено море, 16 километри југозападно до Сплит на длабочина од два километра. Жителите на погодените градови велат дека било страшно и дека ваков потрес во живот не почувствувале. 

„Како бомба да падна. Се тресеа сите чаши и полици“ - вели граѓанка од Сплит. 

Пожарникарите во Сплит во два случаи извадиле луѓе кои биле заглавени во лифт. 

Евакуирани се и некои училишта. 

Има испукани ѕидови и скршени стакла на прозорци од згради. 





Слично

Поврзани вести