(ФОТО) Два пати почнувала бизнис и успеала
Желбата да обезбеди подобар живот за своето семејство ја натерало Зорица Селаковиќ да почне сопствен бизнис.
Во 1990 година во Чачак отворила фирма за торти и колачи по нарачка, но по 16 години просторот го оставила на сопругот и почнала од нула.
Оваа жена вели дека во периодот кога почнала да се занимава со бизнис, не било лесно да се опстане.
На почеток немала средства за да инвестира. Почнала со она што го има, а кога работата тргнала, купувала и машини.

„Подоцна, како што работата се ширеше имав потреба да вработам и работници. Но, имаше проблем затоа што стручен кадар немаше, а и не сакаа да работат во приватна фирма. Невработеноста не беше голема, а оние кои работеа беа во државно и нив им беше добро“ - вели Селаковиќ.
Работниците кои ги ангажирала им помогнала да добијат соодветна обука.

По извесно време се развела, и за да продолжи со работа, морала да земе кредити кои уште ги плаќа. Но, повеќето работници продолжиле да работат со неа.
Објаснува дека денес има нелојална конкуренција, но ако се врати назад пак би се занимавала со истата работа.
