Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ДРАМАТИЧНА СЦЕНА ВО ХРВАТСКА: Дрво паднало врз амбулантно возило и целосно го уништило

(ФОТО) ДРАМАТИЧНА СЦЕНА ВО ХРВАТСКА: Дрво паднало врз амбулантно возило и целосно го уништило

Над четристотини и шеесет интервенции имале пожарникарите во Загреб поради природната катастрофа  која ја зафати земјата. Спасувачките екипи се на терен и спремни со навремена реакција да спасат човечки живот.

Ноќта пред два часот во Нов Загреб врз возило на брзата помош паднало дрво, амбулантното возило е уништено а  медицинскиот техничар кој бил заробен во возилото го извлекле пожарникарите, пренесуваат хрватските медиуми.

Падот на дрвото врз возилото на брзата помош бил ублажен и од колата која била паркирана пред амбулантното возило, соопштиле пожарникарите. Медицинското лице го извлекле низ прозорот на возилото.

Исто така било драматично и во центарот на градот. Неколку часа подоцна, каде што еден граѓанин бил заробен во јавен тоалет. И во овој случај интервенирале пожарникарите и успеале да го спасат несреќниот граѓанин.


Фото Jutarnji.hr и hrt.hr

Слично

Поврзани вести