ФОТО: Домот на Србин го „сардисале“ 300 змии
Србинот Милан Шимуновиќ од селото Дрновци останал во шок кога во сопствената куќа пронашол легло на змии.
Во леглото имало 300 змии кои буквално го преплавиле домот на петчленото семејство.
Пронајдени биле и неколку змии поскок, едни од најотровните во Србија.
Бидејќи неколку змии нашол и во креветот на децата, веднаш го пријавил настанот и изрази надеж дека надлежните ќе реагираат. Минатата недела неговата тригодишна ќерка Лаура кажала дека видела голем гуштер во креветот, а всушност се работело за змија.
Змиите се размножиле зад ламперијата на таванот од куќата.
Семејството во меѓувреме се иселило од куќата додека надлежните да ги извадат сите змии.
Од општина Бољевац испратени се екипи на терен.
Слично


