Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Директорката за имотно-правни работи го посети Тевдовски

(ФОТО) Директорката за имотно-правни работи го посети Тевдовски

Директорката на Управата за имотно правни работи Шасине Касами го посети министерот за финансии Драган Тевдовски а на средбата заеднички констатираа дека од април оваа година граѓаните од дома ќе може да ја следат постапката на приватизирање на нивното градежно место.

Сранува збор за Менаџмент информациониот систем со кој се зголемува ефикасноста на услугите што ги нуди Управата, како и скенери со повисоки перформанси, а сѐ со цел полесно и поедноставно внесување на предметите. 

Од вториот годишен квартал самите поднeсители на барања во секој момент ќе имаат увид во статусот на нивното поднесено барање. Директорката најави дека со измените на Законот за приватизација на градежното земјиште упте повеќе ќе се упростат и допрецизираат ваквите постапки. 


Слично

Поврзани вести