Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Дирекцијата за ТИРЗ со најголем пораст во работењето од нејзиното основање

(ФОТО) Дирекцијата за ТИРЗ со најголем пораст во работењето од нејзиното основање


На глобално ниво, конкурентноста на македонските слободни зони значително е подобрена како директен резултат на овогодинешната промоција на новиот Закон за финансиска подршка на инвестициите, како и спроведените подобрувања на Законот за технолошки индустриски развојни зони преку кои Република Македонија го нуди најатрактивниот пакет поволности во регионот и пошироко за сите заинтересирани странски и домашни инвеститори.

Врз основа на извршените анализи за извоз на компаниите кои оперираат во Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) и порастот од 20% за првите 9 месеци од 2018 година во споредба со истиот период лани, како и врз основа на 16  новоотпочнати инвестициски проекти, Дирекцијата за ТИРЗ констатира дека првите 9 месеци од 2018 година претставува најуспешниот период на институцијата од нејзиното основање.

„Дирекцијата за ТИРЗ е во финална фаза на преговори со поголем број на мултинационални компании со кои очекуваме и потпишување на договори за реализација на нивните инвестициски проекти во наредниот период со што билансот на успех дополнително би се зголемил“, објавија од таму.


Слично

Поврзани вести