Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Девојче со писмо го замоли Google да му одобри слободен ден на нејзиниот татко

(ФОТО) Девојче со писмо го замоли Google да му одобри слободен ден на нејзиниот татко

Девојче го замоли интернет гигантот да му одобри еден ден годишен одмор на нејзиниот татко како би можела да го прослави роденденот заедно со него.

На вработениот во Google му е одобрено недела дена годишен одмор после испраќањето на писмото од неговата ќерка во кое ги замолува да му одобрат еден ден годишен одмор за да го прослават заедно неговиот роденден.

-Драг работнику на Google, можете ли ве молам на мојот татко во среда да му дадете еден слободен ден од годишниот одмор да го прослави неговиот роденден? Ве молам бидејќи татко ми има слободен ден само во сабота. П.С. Роденден му е на мојот татичко. П.П.С. Лето е, знаете, напишала малата Кејти.

Google не само што ја прифатил нејзината молба, туку на среќниот татко му дале една недела годишен одмор.

 
Слично

Поврзани вести