ФОТО:Десети ден „Протестирам“ протестира во Скопје
Повторно попладнево неколку стотици граѓани во организација на здружението „Протестирам“, се собраа пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство за да дадат поддршка на оваа институција.
Протестираат против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за колективна аболиција на 56 политичари. Демонстрантите носат транспаренти на кои пишува „шарена револуција“.
И претходните денови се протестираше, не само во Скопје, туку и во внатрешноста.
Револтираните граѓани вчера истурија боја пред Владата.
Слично


