ФОТО:Демонстрантите со транспаренти се движат кон Владата
Демонстрантите со транспаренти од пред СЈО се упатија кон Владата.
Демонстрантите носат транспаренти на кои пишува „Ние сме иднината„, „Бојам значи постојам“ , „Слобода за Здравко и Владимир“, „Народот ќе суди, не тефтерот на Горде“ и „Специјален суд за специјална мафија“. Граѓаните испраќаат порака дека не се плашат од казни и приведувања и дека не отстапуваат од барањето за повлекувањето на аболицијата.
Денеска е 48- ми ден како се протестира во Скопје против одлуката на Иванов за аболиција на политичари.
Протест има и во Кичево.
Слично


