ФОТО:Демонстрантите со транспарент „Пробавте да сокриете убиство“
На чело со Александар Нешковски, брат на убиениот Мартин Нешковски, толпата демонстранти тргна кон Собранието.
Демонстрантите носат транспарент на кој пишува „Пробавте да сокриете убиство“ и извикуваат „Нема правда, нема мир“. Се одбележува една година откако јавноста во „бомбите“ ја слушна вистината за убиството на Мартин Нешковски.
Од „Протестирам“ бараат оставка од Иванов за аболиција на политичари, повлекување на одлуката, одложување на изборите.
На „Шарената револуција“ се приклучува и Ресен, а се протестира и во Делчево, Охрид, Кочани, Крива Паланка, Градско, Карбинци, Куманово, Радовиш, Прилеп, Струмица, Битола и Гевгелија.
Слично


