ФОТО:Демонстрантите се упатија кон резиденцијата на Иванов
Демонстрантите од пред СЈО вечерва се упатија кон резиденцијата на претседателот Иванов на Водно.
Граѓаните сакаат да го потсетат Иванов дека едно од главните нивни барања е тој да ја повлече аболицијата на 56 политичари и нивни соработници. „Ќе има правда и ќе има мир“, порачуваат граѓаните.
Се протестира во 15 градови низ државата, со што се бара повлекување на аболицијата, оставка од Иванов, одложување на изборите. Протестите траат веќе месец дена.
Слично


