ФОТО:Демонстрантите револтот ќе го изразат пред Основниот Суд Скопје 1
Демонстрантите од „Шарена револуција“ се движат кон Основниот Суд Скопје 1. Претходно, беа пред Собрание на Република Македонија.
Голем број на граѓани со сирени и знамиња попладнево се собраа пред Специјалното јавно обвинителство, со цел да укажат на партизираното и корумпирано судство. Во Македонија веќе четврта недела се протестира, по одлуката на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов да аболицира 56 политичари и нивни соработници. По празниците протестите продолжуваат. Протести ќе има не само во Скопје, туку и во други градови во земјава.
Слично


