Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО:Демонстрантите продолжуваат кон Владата, се протестира девети ден

ФОТО:Демонстрантите продолжуваат кон Владата, се протестира девети ден

Демонстрантите од здружението „Протестирам“ од пред седиштето на ЕУ Инфо центарот, тргнаа кон Влада.

Во центарот на Скопје има силно полициско приуство. Учесниците извикуваат „спуштете ги штитовите“, „кого браните“, „дојдете со нас“.

CglXFN_UgAE2HXe

Демонстрантите бараат праведно општество и секој да одговара за она што го сторил. Се протестира веќе втора недела, и се бара Иванов да ја повлече аболицијата, да поднесе оставка, да се одложат изборите за 5 јуни и ред други барања.

CglXJr2UoAAbP1e

Во меѓувреме лидерската средба која утре требаше да се одржи во Виена е одложена.

Слично

Поврзани вести