ФОТО:Демонстрантите пред Владата извикуваат „Џабе ви е аболиција“
„Џабе ви е аболиција“, „Нема правда, нема мир“, „Оставка“, извикуваат демонстрантите пред Владата.
Ова е 13 ден од почетокот на демонстрациите организирани од „Протестирам“. Граѓаните бараат повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.
Протестот вечерва е масовен, но мирен.


