ФОТО:Демонстрантите порачаа дека ни закани, ни апсења нема да ги запрат
Пред Собранието вечерва на протестот говореше новинарот и активист, Петрит Сарачини, кој истакна дека борбата нема да прекине.
„Нема да не сопре ни дождот, ни апсењата, ни заканите. Денеска со нас се и оние кои се втемелија во изградбата на Македонија, оние кои се бореа против фашизмот. А тука се и сите граѓани кои се борат против фашизмот и денеска. Собрание сме од сите националности и вери и тука сите сме едно“ – рече Сарачини.
Учесниците на протестот носат беџови со написи „Слобода за Здравко“, поради Здравко Савески од Левица кој утрово беше приведен. На протестот се приклучија и членовите на Сојузот на броци на Македонија, а протестираат и дел од политичарите од опозицијата.
Слично


