ФОТО:Демонстрантите истурија кофи со боја пред Владата
Кофи со боја се истурени вечерва пред Владата.
Учесниците на протестот организиран од „Протестирам“ го направија ова во знак на „Шарената револуција“ и против одлуката за помилување на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов. Протестот е девети досега , а се протестира и во другите градови.
Протестот почна пред СЈО, продолжи пред ЕУ Инфо центар, а потоа граѓаните се упатија пред Владата.
По улиците има многу полиција, а пред Собранието собир одржуваат од ГДОМ.
Слично


