ФОТО:Демонстрантите испраќаат порака дека не сакаат корумпирани политичари
Демонстрантите во Скопје го почнаа протестот пред СЈО, и оваа вечерва акцентот ќе биде ставен на корумпираните политичари.
Сметаат дека корумпираните политичари треба што пократко да бидат на власт. Редовните учесници на протестот велат дека веќе назад нема, и се надеваат дека надлежните ќе ги одложат изборите и ќе ја повлечат аболицијата, барања за чие исполнување протестираат со недели. Протести за вечерва се најавени во повеќе градови низ Македонија. Протести ќе има и во Ресен, Струмица, Гевгелија, Кочани, Штип, Куманово, Крива Паланка, Велес, Прилеп, Битола, Охрид.
Слично


