Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО:Демонстрантите фрлаат боја врз Собранието

ФОТО:Демонстрантите фрлаат боја врз Собранието

Демонстрантите фрлаат боја врз Собранието на Република Македонија, а на улица напишаа пораки поврзани со „Шарената револуција“.

2

Вака веќе не може и затоа ќе протестираме до крај, порачаа вечерва пред Собранието приврзаниците на „Шарената револуција“.

Протестите вечерва се против најавените еднопартиски избори на 5 јуни, на кои ќе учествува само ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние 5 години протестираме, бомбите и аболицијата беа само масло на огнот. Груевски го сруши медиумот преку кој дојде на власт. Ние имаме некакви разлики можеби кај економските и социјалните прашања, но кај основните, политичките – немаме. Затоа, од 5 мај до крај! Нека трепери режимот пред револтот на народот“ - рече активистот, Зоран Василевски.

Сервираат еднопартиски избори со кои сакаат да го бетонираат своето владеење, кажа активистката  Сара Миленковска . Сакаат да не замолчат и да имаме недемократска Македонија, додава таа.

Граѓаните кои повеќе од еден месец протестираат, бараат повлекување на одлуката за аболиција и оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов, повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни и ред други барања.
Се протестира и во голем број градови во внатрешноста на Македонија.
3

Слично

Поврзани вести