ФОТО:Демонстрантите фрлаат боја на УЈП, се пуштаат „бомбите“
Демонстрантите од „Шарената револуција“ се пред УЈП, каде фрлаат боја врз објектот и каде се пуштаат „бомбите“.
И вечерва граѓаните се со креативни транспаренти, на кои пишува „Трошите за чоколади, а немаме за леб“. Тие пред УЈП донесоа и едно големо чоколадо.
Јавниот долг порасна за 2.5 милијарди евра. Во последните 5 години, Владата се задолжува 15 евра секоја секунда, или 52.000 евра секој час, 1 милион и 250 илјади евра секој ден. Оваа Влада го задолжи секое домаќинство во Македонија за 4455 евра, и секој граѓанин за 1240 евра. Учесниците на протестот велат дека се посиромашни и позадолжени поради власта.
Протести има и во помалите градови во земјава.
Слично


