ФОТО:Демонстрантите фрлаа боја врз Порта Македонија
Демонстрантите од „Шарената револуција“ попладнево фрлаа боја врз Порта Македонија.
Тие тргнаа од пред СЈО, по што се упатија кон Собранието. Носат трансапрент на кој пишува „Хорхе ти си срам за Македонија“. Граѓаните не прифаќаат делумна аболиција и ќе бидат на улица до исполнување на нивнита барања.
Протестите против одлуката на претседателот, Ѓорѓе Иванов траат веќе осма недела во Скопје. Шефот на државата, прво помилува 56 политичари, а потоа ја повлече аболицијата за 22 политичари додека за останатите аболицирани остави простор самите да поднесат барање до него дека сакаат да биде повлечена аболицијата. Пред присутите говори Љупчо Николовски од СДСМ кој вели дека парите од субвенциите треба да одат кај вистинските земјоделци.
Пред Порта Македонија има силно полициско обезбедување. Порта Македонија досега повеќе пати беше на мета на демонстрантите.






