(ФОТО) Дебакл на отворањето на скијачката сезона на Попова Шапка, скијачи се качуваат пеш на патеките
Фото: Порталб
Денеска на отворањето на туристичката сезона на Попова Шапка, граѓанска иницијатива побара оставка од управата на зимскиот центар затоа што поради исклучувањето на ски-лифтовите рекреативците морале да се искачуваат пеш по патеките со опремата за скијање на рамо.
Ски-лифтот не функционирал на патеката "Тетекс", а патеките не биле дефинирани и наносите нерасчистени поради тоа што сужбите не работеле за време на празникот. Дури и кога работел, имало постојано прекини, па посетителите морале да одат во контра-правец за да ги остварат своите спустови.
И покрај слабостите во работењето, Попова Шапка имаше доволен број на посетители ентузијасти.

Слично
