(ФОТО) Дали македонските медени срца и негро бонбони навистина се фалсификат на српските?
Српските медиуми и денеска објавуваат фотографии од македонските производи - „медени срца“ на „Макпрогрес“ и „негро“ бонбони на „Европа“, кои српскаа компанија „Пионир“ ги обвини дека претставуваат плагијат на нејзините производи.
„Не наседнувајте - се појавија копии на „медените срца“ и „негро“ бонбоните“, пишува српски „Блиц“, објавувајќи споредбени фотографии кои велат дека ја докажуваат сличноста на двата производи.
По пријава на српската компанија „Пионир“, инспекцијата во Србија ги запленува македонските производи. „Пионир“ тврди дека со жиг ги заштитил своите производи, но често е мета на фалсификување и тоа „најчесто од страна на странски компании“.
Македонските компании ги демантираа обвинувањата за фалсификување на српските производи. Дали се работи за копии проценете сами:


Слично
