Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Четири млади животи згаснаа во Шабац: Несреќа со стравични детали

(ФОТО) Четири млади животи згаснаа во Шабац: Несреќа со стравични детали

Страотна сообраќајна несреќа го потресе српскиот град Шабац во раните утрински часови.

Згаснаа животите на четири млади лица а едно женско лице преживеало, пренесоа медиумите од Србија.

На лице место настрадале Сара Л. (18), Ивана Б. (20), Тања Л (18) и Миодраг Ј. (19) , додека повредена е сестрата на Сара Маја (20) .

Тие како раскажувале мештаните на местото Табановиќ кај Шабац, биле неразделни другари и сите го чекале ова лето да се соберат повторно на полнолетството на Сара, кое требало да го прослават за два дена. Меѓутоа, не го дочекаа.

На лице место се забележани потресни сцени, искршено стакло на сите страни, расфрлани делови од „форд фиеста“, фармерки кои фисат од возилото, како и чевли под задното седиште.

Како што се пишува, автомобилот излетал од патот, и удрил во столб за јавно осветлување. Не е позната причината за несреќата но познато е дека автомобилот се превртувал неколку пати.

Преживеаната девојка го управувала возилото.


Слично

Поврзани вести