Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Бомба експлодираше во центарот на Атина

(ФОТО) Бомба експлодираше во центарот на Атина

Бомба експлодира покрај канцеларијата на грчка бизнис федерација во централниот дел на Атина. Скршени се прозорци, но нема повредени, соопшти полицијата.

bomba atina

Нападите против банките, политичарите, новинарите и бизнисмените во Грција не се невообичаени. Земјата има долга историја на политичко насилство и минува низ најтешката економска криза во последниве децении, забележуваат агенциите.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/GiorgosKontonis/status/669029321667932161?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Денешниот инцидент, кој според полицијата е дело на локални групи, е прв ваков напад од доаѓањето на власт на Алексис Ципрас во јануари.

Уредот бил вклучен преку тајмер и ставен во ранец во близина на влезот на федерацијата, експлодирала околу 3:30 часот по локално време. Околу 30 минути порано бил поднесен анонимен сигнал, посочиле извори од полицијата.

bomba atina 2

Според очевидци стакла од скршените прозорци се страшна глетка на улиците во еден од најпрометните централни области на Атина.

Полицијата ја опколила областа од два блока околу зградата.

Слично

Поврзани вести